Може да има промени во технологијата, во тактиката, во иструментите на преговорите, но суштината на нашата позиција кон РСМ е јасна и Бугарија нема да отстапи од неа. Таа е усогласена со основните европски вредности и принципи…Ние не спориме за некакви факти во учебниците, туку за односот кон тие луѓе во С.Македонија, кои се сметаат за Бугари. Историјата станува изговор за нарушување на тие права. Ние не тргуваме со историјата, ние само едноставно не ја фетишизираме, што е сосема различно.

Ова за БНР вчера попладне за БНР го изјави проф.Александар Маринов, претседател на Стратешкиот совет на претседателот Румен Радев.

Тој потврди и прецизираше дека постои лобистички притисок:

-Интензивните средби на претседателот со влијателни европски лидери даваат резултат-нашата позиција станува појасна и поразбирлива… Од историските прашања, фокусот беше поместен на денешнината. Беше поместен фокусот од историските прашања. Нас не вознемируваат живите луѓе, кои се тука и сега, изјави Маринов.