Веднаш откако грчкиот парламент го ратификуваше Преспанскиот договор, со честитна се огласи Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.
На својот твитер профил, Хан иистакнува дека Преспанскиот договор што го решава проблемот за името меѓу Грција и Северна македонија, е историски чекор за двете земји, за регионот и за Европа како целина.
Им честитам на лидерите на двете страни за нивните храброст и визија. Овој успех немаше да се случи без силната европерспектива за земјата што наскоро ќе биде Северна Македонија. Ова е моќта за привлекување на ЕУ во своето најдобро издание и носи стабилност и просперитет за регионот во време кога има пораст на дестабилизирачки сили – напиша Хан.
The #Prespa agreement resolving the name dispute between #Greece and soon to be North Macedonia is a historic breakthrough for the two countries, the region and Europe as a whole. I applaud the leaders on both sides for their courage and vision! @Zoran_Zaev @tsipras_eu 1/4
— Johannes Hahn (@JHahnEU) January 25, 2019
This success could not have happened without the firm #EUaccession perspective for soon to be North Macedonia. This is the #EU power of attraction at its best, which brings stability and prosperity to the region at a time when destabilizing forces are on the rise. 2/4
— Johannes Hahn (@JHahnEU) January 25, 2019
Еврокомесарот додава дека е среќен што долгиот пат до Преспанскиот договор, почнат со Пржинската спогодба во 2015 година, ќе овозможи да се надмине длабоката политичка криза.
Тоа го потврдуваат и длабоките реформи што ги почна државата која ги реши проблематичните прашања со соседите. Тоа треба да биде инспирација за целиот регион – напиша Еврокомесарот.
I am personally very happy as the long journey to #Prespa started with the #Przino agreement of 2015, which I mediated and which allowed soon to be North Macedonia to overcome a deep political crisis. 3/4
— Johannes Hahn (@JHahnEU) January 25, 2019
Since then the country has embarked on deep reforms and tackled its issues with neighbours. This should be an inspiration for the entire region! 4/4
— Johannes Hahn (@JHahnEU) January 25, 2019
Comments are closed for this post.