Во Битола денеска се одржа промоција на проектот за реконструкција на Музејот на албанската азбука, за што се предвидени 234.000 евра.
Реконструкцијата на Музејот, е предвидена во рамки на проектот „Музеи кои ги поврзуваат културите ги поврзуваат народите“, чија цел, како што рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, е создавање на услови за поголема хармонија во општеството.
Проектот е дел од Програмата за прекугранична соработка „Грција и Македонија 2014-2020“, а се реализира во рамки на Договорот за партнерство, за кој, од страна на Европската Унија и земјите-членки во програмата, се обезбедени средства во висина од 780.628 евра.
Фазлиу изрази задоволство од реализацијата на овој проект, додавајќи дека културниот простор е широк, сестран и не познава граници.
„Овој проект, придонесува за културен развој меѓу двете соседни земји, каде се испреплетува историското минато, сегашноста и иднината. Музеите во овој проект се моќни партнери, додека целта е да ги зачуваме, да создаваме нови одржливи практики за интеракција, а наместо историски контрасти, да негуваме заедничката иднина и взаемно почитување, истакна Фазлиу.
Имено, Музејот на албанската азбука со децении ја негува мисијата „потсетување на славниот ден кога беа поставени темелите на современата албанска азбука, дијалогот меѓу различните култури во земјата и во регионот, взаемното почитување и разбирање меѓу различни народи и зачувување и негување на културните разлики“.
Comments are closed for this post.