Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара прво прифаќање на целосниот нивни предлог, па гласање за задолжувањето кај ЕБОР

29.09.2022 / 11:05


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес достави барање до Собранието за одржување на итна седница на која ќе се разгледува Предлог законот кој го поднесовме, а се однесува на Законот за енергетика. По вчерашната прес конференција на Ковачевски видовме дека Владата едноставно препишала делови од предлог мерките кој што ние како ВМРО-ДПМНЕ го понудивме, но сметаме дека она што Ковачевски го презентираше не е доволно, истакна денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Имено, во мерките кои што Ковачевски ги презентираше, вели Мицевски, слушнавме дека ќе добиваат поевтина електрична енергија образовните и јавните здравствени установи, но случајно или не ги изостави водостопанските и комуналните претпријатија кои што поради високите цени на електрична енергија имаат проблеми со ликвидноста што во следниот период може да доведе до повисоки сметки за домаќинствата и стопанството.

-Како одговорна партија бараме целосно, а не парцијална прифаќање на нашиот предлог. Со Предлог законот за енергетика кој што ВМРО-ДПМНЕ го поднесе во самиот текст опфатени се и водоводните и комунални претпријатија кои што имаат огромни трошоци за електрична енергија. Ако СДСМ и Ковачевски навистина се грижат, еве нека го поддржат нашиот Закон за енергетика. Со тоа ќе покажат дека се грижат за граѓаните и за стопанството. Во нашиот предлог закон покрај училиштата и здравствените уставови опфатени се и водостопанските и комуналните претпријатија. Со тоа директно ќе им олесниме на граѓаните и стопанството да не доаѓа до поскапување на услугите поврзани водоснабдувањето. Ајде прво да ги изгласаме овие измени на законот, па потоа да ги изгласаме и задолжувањето кај ЕБОР и сите оние конфузни предлог мерки кои што ги слушнавме во текот на вчерашниот ден, вели координарот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Силна порака: Лидерите од регионот побараа забрзувањето на евроинтегративниот процес за Западен Балкан (ФОТО)

пред 6 часа
Македонија

Рама го пофали премиерот Мицкоски за албанскиот јазик

пред 8 часа
Македонија

Рама: Нема Македонија без Албанците, како што нема ни без Македонците

пред 9 часа
Македонија

Состанок на лидерите од Процесот Брдо – Бриони во Охрид

пред 10 часа
Македонија

Наскоро без роаминг со ЕУ

пред 1 ден
Македонија

На Филипче никој не можел да му влијае, дури и Заев

пред 1 ден
Македонија

Заедно кон инклузијата – градиме мостови, а не ѕидови

пред 1 ден
Македонија

Заев дојде на прослава на денот на Албанија (ВИДЕО)

пред 1 ден
Македонија

„Црниот лебед“ во СДСМ: Кога несреќата станува политички плен

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски од Брисел: Македонија останува посветена на конструктивниот дијалог и партнерството

пред 2 дена
Sahabetjojobet güncelCasino BülteniGrandpashabetMerak Edilen SorularGrandpashabetgrandpashabetgrandpashabet güncel girişgrandpashabet güncel girişgrandpashabet güncel girişgrandpashabet girişgrandpashabetdeneme bonusugrandpashabetgiftcardmall/mygiftbetkomextrabetbahis sitelerigrandpashabetgrandpashabetgrandpashabetgrandpashabet kıbrısjojobet girişjojobet girişjojobet giriş