По скандалот со тајните фондови во Грција заради кој владата на Алексис Ципрас сериозно е разнишана, Пресинг ТВ тргна во потрага по информации дали некој од македонска страна е директно или индиректно инволвиран во тој скандал. Ова пред се од причини што зад тајните фондови стои обвинувањето и од министерот Панос Каменос дека со Соросови пари се поттикнувало Договорот за името да се прифати.
Дали имате сознанија дека зад подготвувачите на Договорот со Грција и самиот Договор стои некоја од фондациите на Џорџ Сорос?, е прашањето кое вчера Пресинг ТВ му го испрати на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку неговиот портпарол.
До денес попладне одговор од МНР не добивме.
Како индикативна може да се смета средбата која министерот Димитров и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска годинава во февруари во рамките на Минхенската безбедносна конференција ја оствариле со милијардерот Џорс Џорос. Тие се состанале и со еврокомесарот Јоханес Хан, кој, пак, исто така се состанал со Сорос. Не може со ова да се тврди дека се затворил кругот, но бидејќи од Грција сега се отвора досието со вклученоста на Сорос во процесот за постигнување договор за името, сите траги ќе бидат интересни, да се истражат да се постават прашања, а секако и дека се очекуваат одговори.
Инаку, американскиот закон забранува, па дури и ако е и Сорос во прашање, да се користат пари за политичко влијание од граѓански организации, а токму заради тоа американски конгресмени лани беа во посета на Македонија и ја истражуваа улогата на американската амбасада и на УСАИД во внатрешните македонски политички случувања. Соросовата мрежа не се бараше само во Македонија туку и во соседна Албанија.
Инаку, за тајни фондови во Грција се зборува веќе 20 години наназад. Како јавна тајна се споменуваше податокот дека во периодот од 1989 до 1993 година од тајните фондови на грчкото МНР, во времето на Андонис Самарас, за антимакедонска пропаганда биле издвоени 130 милиони долари. Тие пари во црни пластични вреќи им биле давани на грчки новинари за да пишуваат написи против Македонија.
Овој пат, работите како што обелоденува Ефимерида се отидени подалеку – од тајни фондови биле подмачкувани и македонски медиуми и новинари, засега не се знае кои, и точно во кој период се направени кодираните трансфери на пари, но најверојатно парите биле за подмачкување за да пишуваат позитивно за Преспанскиот договор.
Од друга страна, во ТВ дуелот со Димитров, Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ го отвори прашањето со продажбата на една од фирмите на министерот Кочо Анѓушев на Грците.
Во мемоарите на Глигоров пишува дека Фрчкоски му понудил на Глигоров 1 милион долари, амфора и златен „ролекс“ за промена на името. Кочо Анѓушев кога кажа дека е решено за Северна Македонија, си ја продаде фирмата за 4,5 милиони евра на банкротираното грчко електростопанство. Се поставува прашање – дали овој договор има цена и која е таа цена?, праша тогаш Николоски.
Што се однесува до состојбата во Атина, по оставката на Коѕијас работите уште повеќе се усложнуваат. Првин, медиумите истакнуваат дека со тајните фондови е отворена мачната тема за која имал огромни стравови премиерот Ципрас и не сакал таа да биде отворена. Од друга страна, дилемата е дали Коѕијас ќе игра против Ципрас и ќе му откине најмалку 5 пратеници.
Во парламентот пак, е обелодената информација дека од тајните фондови имало финансирање на медиуми „за национални цели“, но не се споменува ниту еден медиум. А, иако е јасно дека Атина со децении ги спонзорира грките медиуми во име на национланата кауза, како новина е информацијата дека меѓу трите тајни кода откриени од Ефемирда, еден се однесува на македонски медиум. Со тоа аферата станува многу поширока и многу подраматична.
Сега повеќе грчки партии барат објаснување од Ципрас за тајните фондови. Еден од нив е Ставрос Теодоракис, поранешен новинар и основач на партијата Потами:
Не сум заинтересиран само за фондовите во Министерството за надворешни работи, кој е под контрола на парламентот. Сакам да знам и што се случувало со тајните фондови во сите министерства, а според него станува збор за осум.
Дали слични прашања ќе бидат поставени и во македонскиот парламент?
Comments are closed for this post.