Македонското државно знаме во една, европското знаме во друга рака, предлага за денешните протести поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, објаснувајќи дека со симболиката на знамето со златни ѕвезди ќе ја потсетиме ЕУ на нејзините принципи.

Обединети во разноликоста. Европското знаме е симбол на ЕУ, но и на идентитетот и единството на Европа. Златните ѕвезди ги претставуваат идеалите на единството, солидарниста и хармонијата меѓу европските народи. Вкупно се 12, број што симболизира совршеност, севкупност.
Дизјанот во 1955 го употребува прво Советот на Европа, организација што ги брани човековите права, а во 1985 станува знаме на ЕУ, тогаш Европските Заедници.
Мотото на ЕУ (од 2000 година) – Обединети во разноликоста – означува како Европјаните се здружиле во ЕУ, во името на мирот и просперитетот, истовремено збогатени со различните култури, традиции и јазици на континетот.
Во членот 2 на Лисабонскиот договор и во членот 22 на Повелбата на фундаменталните права на ЕУ, Унијата се обврзува дека “ќе ја почитува богатата културна и јазична разноликост, и ќе го штити и унапредува културното наследство на Европа.”
Зошто го пишувам ова?
Затоа што македонските граѓани токму со знамето на ЕУ во рака треба да ја потсетуваат Унијата за сопствените принципи и вредности. Бидејќи со толерирањето на примитивниот повик на една земја членка дека „ништо во пристапниот процес на Cеверна Македонија кон ЕУ не може да се толкува како признавање на постоењето на „македонскиот јазик” од страна на Бугарија”, таа го оспорува не само македонскиот, туку и европскиот идентитет.
Македонското државно знаме во една, европското знаме во друга рака, вели Димитров.