Бриселското издание на реномираниот „Политико“ вчера го објави компромисот, што соседна Бугарија го прифатила на последната седница на амбасадорскиот совет на ЕУ за одржување на првата меѓувладина седница за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија.

Компромисот вели дека „Бугарија го признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет, а во замена С. Mакедонија ќе треба да ја признае историската вистина дефинирана од Софија и дека има бугарска основа (темели, корени н.з.) во македонскиот идентитет и подоцна создадениот македонски јазик“.

Прифаќањето на чистата политичка трговија меѓу Бугарија и Македонија ќе значи дека Македонците и македонскиот јазик постојат од првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 година во манастирот „Св.Прохор Пчински“. Членовите на АСНОМ, пак, како основачи на македонската држава, според „историскаста вистина и реалност“ на официјална Софија, до 2 август биле со „бугарски корени“, а преку ноќ, од 2 август 1944 станале Македонци.

Како потсетување, еве ги имињата и професиите на создавачите на македонската држава, објавени во првиот број на Службен весник на НРМ од февруари 1945, што сега можат да се видат и во дигитализирана форма:

Визуелниот преглед можете поефикасно да го имате на следниот линк