Македонија и понатаму е рекордер по број на заразени и починати. Додека се случува сетоа ова, властите ни на крај памет не им паѓа да му помогне на населението и да обезбебедат вакцини за сите категории на граѓани.

За само неколку месеци ќе заврши учебната година која се одвива преку онлајн платформа, па кај голем број на родителите се поставува прашањето што ќе биде од септември, дали и од септември учениците ќе следат настава од дома или пак ќе се најде начин да се следи со физичко присутво. Но, за да се следи со физичко присуство потребно е да надлежните обезбедат процес во кој ќе се заштити здравјето на сите ученици и целиот наставен кадар.

-Мојот син е петто одделение и наставата ја следи преку он лајн платформата. За само два месеци завршува оваа учебна година,а за некој месец потоа ќе треба да започне и новата учебна година. Како родител сум загрижен како ќе се одвива наставата зошто лично сметам дека со он лајн платформата децата не добиваат доволно знаење, не се правилно оценети, а и не се социјализират. Јас како родител барам од надлежните да се изнајде соодветен начин и наставата од септември да се реализира со физичко присуство, ни раскажа загрижен родител.

За ова проблематика зборуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски каде побара од властите да набават вакцини за целиот наставен кадат, за да не дојде трета година по ред да децата не одат во училиште.

-Како што сега стојат работите најверојатно и од септември нема да се отворат училиштата и ќе имаме трета година во која што целосно или делумно децата не одат во школо и наставата ја следат од дома. Тоа се три изгубени генерации, тоа се три изгубени години затоа што не се создаваат соодветни работни навики кај децата, не се случува социјализацијата која е исклучително потребна баш во фазата на развој на децата и паѓа квалитетот на образование и на знаење.

Повикуваме, апелираме веднаш да се обезбедат вакцини за наставниот кадар со цел да можат да се вакцинираат учителите, наставниците и професорите и да може од септември да се отворат училиштата затоа што само така може да имаме здрава нација, кажа потпретседателот Николоски.