Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на брифинг на дваесетина новинари им ја презентира најновата афера која ја открива неговата партија.

Мицкоски на новинарите им достави докази дека владата им дала државјанства на познати меѓународни криминалци кои се бараат со потерници.

Документите нашата влада им ги издавала со паралелни идентитети и други имиња.

Јован Вукотиќ шеф на познатиот Шкаљарски клан е едниот од двајцата големи балкански нарко босови кои добиле македонски пасоши од МВР, брифира ВМРО-ДПМНЕ.

Вистинските македонски документи Вукотиќ ги добил на име Георги Андонов.

Второто лице е Седат Пекер турски државјанин кој неодамна беше протеран од Македонија, а претходно се сликал со високи државни функционери. Пекер кого го гони и Турција, во Македонија бил Џадин Амедовски.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ објави афера Мафија според која МВР со знаење на премиерот издавала пасоши на сомнителни ликови од балканското подземје.