Ако сега се одржат предвремени парламентарни избори ќе победи ВМРО-ДПМНЕ.

Ова го покажува теренската анкета чиј нарачател е партијата на Христијан Мицкоски, а која е спроведена во периодот од 17 до 30 март на 1.009 испитаници.

Анкетата покажала дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 15 отсто. По неа следи СДСМ со рејтинг од 10,9 отсто. Изненадувачки е рејтингот на Алијанса за Албанците на Зијадин Села која првпат е пред партијата на Али Ахмети. Алијанса има рејтинг од 5,3 отсто, Левица ѝ дише во врат со 5,2 отсто, а исто толку 5,2 отсто има и ДУИ на Али Ахмети.

Од анкетираните за неопределени се изјасниле 17,5 отсто, а одбиваат да гласаат 13,8 отсто. Дури 13,2 отсто не би гласале во никој случај.