Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно. Попладне се очекуваат пороен дожд и грмежи.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град.