Утринава во Скопје се спроведува голема полициска акција во која се апсат поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес. Акцијата се спровела на неколку локации низ Скопје.

По неколкумесечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје – информираат од МВР.

Неофицијално уапсени се десетина лица, а по еден се трага. Уапсените во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Повеќе детали од акцијата МВР најавува во текот на денот