Откако членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од членот на Извршниот комитет на партијата, Тони Михајловски, закачија црни панделки на оградата на владата, со реакција се огласија од СДСМ.

Во партиското соопштение се наведува дека тие црни панделки треба да бидат закачени на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, каде што е, како што велат од СДСМ, вистинската адреса за 11 годишните црнила во Република Македонија.

По 11 години криминал, корупција, неспособност и расипништво, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, денес е опседнато со црнила и мракови.

„Младиот“ Тони Михајловски и членовите на дел од подмладокот на Мицкоски црните панделки треба да ги закачат на скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ– седиштето на најбогатата партија во Европа изградено во време на најголема сиромаштија.

Скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е вистинската адреса за црнилата во која Македонија беше завиена цели 11 години, тоа е симболот на криминалот и расипништвото.

Македонија конечно тргна во вистински правец и враќање назад кон црнилата на ВМРО-ДПМНЕ, кон криминалот, изолацијата, сиромаштијата нема да има.

Црнилата завршија со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Македонија денес е демократска, економски перспективна земја – држава пријател на демократскиот свет се наведува во реакцијата на СДСМ.