Со црни панделки закачени на оградата на зградата на Владата на Република Македонија, членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со членот на Извршниот комитет на партијата, Тони Михајловски, симболично искажаа протест за „црната политика“ што ја води власта.

Како што истакна Михајловски, црнилото е одраз што доминира во сите области од државава, а како што рече Михајловски, црните панделки беа закачени токму на онаа ограда за која беше најавувано дека ќе биде отстранета, но и натаму постои најверојатно поради стравот на Владата поради тоа што е свесна оти досега го испорачуваат најцрното владеење во историјата на Република Македонија.