По повеќе од една година откако беше назначен за прв Амбасадор на Мисијата во НАТО, Дане Талески, на 10 јануари заминува во Брисел. Ова на денешната прес-конференција го потврди премиерот Зоран Заев.

Советникот за надворешна политика на премиерот во ноември лани го доби акредитивното писмо, а истиот период ја претстави и програмата пред Собранието. Со испраѓањето на Талески се заокружува процесот на пристапување на Македонија во северноатлантската алијанса како 30-та полноправна членка.

Предлогот за Талески претходно беше усогласуван со шефот на државата Стево Пендаровски, а опозицијата критикуваше дека тој не може да добие безбедносен сертификат.

Амбасадорското место во НАТО досега не беше пополнето.