Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби вели дека поддржува законски измени во однос на укинување на недела неработен ден и смета дека со ова законско решение, како што изјави денеска, ни затајуваат процеси во државата.

– Апсолутно поддржувам, бидејќи гледам дека со одлуката, со законското решение, ни затајуваат процеси во државата. Подготвени сме да направиме промени во законското решение, но тоа треба да биде консензуално од сите членови на Владата, потврдено од страна на Собранието, рече Груби на прашање од претставници на Стопанската комора на Северна Македонија на денешниот состанок во врска со проектот со „Бехтел и Енка“.

Груби, кој е и координатор за проектот за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10д што ќе ги гради „Бехтел и Енка“, рече дека „кога се соочил со овие проблеми, увидел дека е неопходно да се направат законски измени“.

– Затоа поддржувам, ќе се ангажирам, ќе видиме со колегите од Владата, не се сите на исто мислење, а секако не се на исто мислење и сите пратеници.