Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот регион кој е изготвен согласно препораките на Унеско ќе ги уредува насоките како во иднина ќе се спроведуваат било какви градежни активнoсти. Нацрт-документот кој е веќе јавно објавен и доставен до Центарот на Светското наследство и советодавните тела,треба  да биде усвоен до крајот на 2019 година. Претходно во тој рок, стартуваат активности за вклучување во јавна консултација на надлежни органи од соседна Албанија, а предвидено е Планот да биде ставен и на јавна консултација.

Историчарите сметаат дека врз старите градби не треба да се гради нешто ново бидејќи на тој начин се нарушува автентичноста.

Од граѓанската иницијатива Охрид СОС на својата фејзбук страна објавија дека  Планот за управување со Охридскиот Регион е суштински важен документ кој треба да загарантира заштита на природното и културното наследство кое е под силна закана и деградација. Тие апелираат на што помасовно учество од страна на граѓаните на јавната расправа која се очекува да биде организирана на почетокот на месец ноември.