На влезот од Скопје, поточно на булеварот „Александар Македонски“, во вечерните часови на 16 март случила сообраќајна незгода меѓу автомобили „рено меган“ и „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки.

Како што информираат од МВР, двата автомобила биле управувани од 22-годишници од Скопје кои при сообраќајката се здобиле со повреди.

Од ударот повредени се и сопатниците во „опел вектрата“ кои се на возраст од 19 односно 22 години, како и 20-годишна скопјанка која била сопатничка во возилото „рено меган“.

Повредените од „вектрата“ со брза помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека пак повредените од „меганот“ биле хоспитализирани во градската општа болница „8-ми Септември“.

Увид на местото извршила екипа од СВР-Скопје.