Претседателот Стево Пендаровски засади садници во Велес во рамки на превенцијата од големите пожари што го зафатија тој регион.

Она што природата го негувала повеќе од 30 години, изгоре за неколку дена. Сега, сите ние треба да и возвратиме на природата со иста мера и поскоро да ја надоместиме штетата. Денеска симболично засадивме неколку садници, а припадниците на армијата веќе го расчистуваат теренот. Да помогнеме „белите дробови“ на Велес повторно да придонесуваат за здрава животна средина-напиша претседателот на неговата Фејсбук страница.