Во Основниот кривичен суд во Скопје утрово почна ново рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ кој се однесува на масовното прислушување. Во судот се појави како сведок и поранешниот разузнавач и актуелен советник на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски.

Тој требаше да сведочи на претходното рочиште на 6 септември, но не се појави бидејќи судскиот доставувач не успеал да го пронајде за да му ја предаде поканата.

Во овој случај покрај Сашо Мијалков обвинети се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.