Бугарскиот премиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов вчера на социјалните мрежи објави честитка за 8. март со карта на голема Бугарија. Денеска стигна и реакција од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски, во однос на ваквите изјави кои доаѓаат од Софија секогаш укажувал дека претставуваат отворено кршење на Договорот за добрососедство и ја поткопуваат довербата меѓу двете земји и народи.

Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се рамноправни членки., се вели во реакцијата од кабинетот на Пендаровски.