„Со гласањето на овие избори не бираме само претседател, бираме како и дали економски ќе се развива нашата земја“, порача кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска во Ростуше.

Насоката во која се движиме и патот по кој тргнавмекако што истакна е пат на напредок, економска сигурност на граѓаните и финансиска стабилност на нашата земја.

„По овој пат ние се отвораме кон светот, кон европските фондови, кон пазар од 500 милиони жители на кој може да работат нашите компании. Членството во НАТО и ЕУ се единствениот гарант дека земјата ќе економски ќе јакне и ќе напредува, а стандардот на граѓаните ќе расте со забрзано темпо“, рече Пендаровски.