Новите ибори се нова шанса. Шанса што не треба да ја пропуштиме. Шанса да го спречиме враќањето кон темното минато, кон поделбите и омразата, криминалот и масовната корупција. Шанса да му го зададеме последниот удар на режимот на Груевски и на неговите двојници во лицето на сегашниот претседател, лидерот на неговата партија и нејзиниот кандидат за претседател. Со овие избори ќе навлеземе во многу поважна етапа од заедничката битка. Битка за интегрирана, безбедна, економски напредна држава во која владее законот, а не криминалот. Држава на правда, еднаквост и солидароност.

Ова во интервју за софиски „Дневник“, меѓу другото, го изјави претседателскиот кандидат на власта, Стево Пендаровски.

Нитуа јас како претседател, ниту сегашната влада нема да се согласиме да симулираме само за да му се допаднеме на Брисел. Штетата од таквата симулација ќе биде наша, а цената ќе ја платат нашите граѓани. Затоа поддржувам единствено вистински и суштински реформи, а сигурен сум дека нашите постигнувања ќе бидат препознаени и од Европската унија, вели Пендаровски.