Претседателот Стево Пендаровски вчера имаше прием за дипломатскиот кор во Македонија. На средбата тој истакна дека главни цели на надворешен план се членството во НАТО како почеток на преговори со ЕУ.

Претседателот посакува сите држави-членки на ЕУ да го препознаат овој клучен момент за храбри и конкретни чекори во оваа насока.

Во тој контекст, очекувам и апелирам новата методологија за водење на преговорите да биде усвоена најдоцна до крајот на март 2020, а паралелно со усвојувањето на методологијата да биде донесена и одлуката за доделување датум за почеток на преговорите со Северна Македонија и соседна Албанија. Преговорите нам не ни се потребни како политички трофеј, туку, како инструмент и процес за време на кој ќе се менуваме и реформираме за ги достигнеме неопходните стандарди по кои се препознаваат европските демократии.