Шансите се извесни и големи да се прогласат нови 30 дена вонредна состојба бидејќи внатрешните состојби кои не ескалираат, но не се значително редуцирани сè уште побаруваат ваков тип ангажман од сите надлежни институции и ваков тип состојба, нагласи претседателот Пендаровски.

Првпат вонредна состојба прогласивме во 30 години независна држава, меѓутоа првпат и во светот се случуваат некои работи поврзани со пандемија на вирусот. Така, ако денес ги имам тие информации што се од надлежните институции, ако денес ме прашувате за одлука, таа ќе биде во насока да се прогласат нови 30 дена“, изјави Пендаровски од Тетово, каде што беше во посета на армиските единици во касарната „Кузман Јосифовски Питу“ и на локалниот кризен штаб во оваа општина.