Лиферување лажни информации дека тројца граѓани биле приведени од своите домови и физички малтретирани во полиција го предизвикало синоќешниот инцидент во Ченто, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција и оцени дека станува збор за инцидент со елементи на политичка заднина.

Граѓаните водени од политичка мисла свесно се изложија на опасност себе и своите сограѓани, што може сите нас скапо да не чини, рече Чулев и додаде дека едно лице од тројцата приведени е член на Советот на Гази Баба од СДСМ. Тој самиот се претставил пред полицајците.

Како што вели тој, на истото место била собрана поголема група на луѓе со лажна информација дека приведените се физички малтретирани од полицијата

– Во меѓувреме и градоначакникот на Гази Баба е забележан како дава ветување дека нема да има пријави. Против сите три лица до ООсновното јавно обвинителство се поднесени соодветни кривични пријави, додаде Чулев.