Претседателот, Стево Пендаровски, оствари средба со амбасадорот на Полска, Војциех Тицињски. На средбата, Пендаровски и амбасадорот Тицињски изразиле задоволство од развојот на соработката меѓу Македонија и Полска, што се карактеризира со искрено пријателство, меѓусебна почит и доверба.

Претседателот истакна дека Македонија високо ја цени јасната поддршка и помошта од Полска за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, потенцирајќи дека само интегриран регион може да биде стабилен и просперитетен.

 Двајцата соговорници констатирале дека во иднина треба да се посвети внимание на унапредување на економските односи и соработка помеѓу двете држави.

 Полскиот амбасадор упатил честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во вршењето на должноста.