Мал е просторот нашата држава да направи некои отстапки. Не може да се води расправа за македонскиот народ, нација, за јазикот. Немаме заедничка историја. Тоа е катастрофална грешка.
Ова, меѓу другото, го изјави пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, во емисијата Студио 10.
-Ништо немаме против Бугарите. Литературниот јазик е донесен кога е формирана државата. Главниот проблем и во Бугарија и во Грција е македонското малцинство. За Договорот во Преспа требаше политичка храброст за да се донесе, но овие барања од Бугарија се апсурдни. Прашањата на малцинставата ќе се решаваат преку конвенции. Ако Бугарија се сложи да се донесе декларација, дури и да се минува границата само со лични карти, би поддржал, но ако се донесе решение кое понатаму би го злоупотребувале, ако се нагризува македонскиот идентитет, тоа нема да помине во Парламентот. Истите коментари ги слушам од голем дел од пратениците, изјави Трајанов.
Comments are closed for this post.