Лажни родови, лажно минато, лажни нации! Да живее Скопје прајд!

Ова на личниот ФБ профил го напиша носителот на листата на „Бугарски патриоти-ВМРО, Волја и НФСБ“ за градот Русе, Искрен Веселинов, по информацијата дека претседателот и премиерот на РС Македонија, Пендаровски и Заев, учествувале на геј парадата во Скопје, пишуваат софиски Гласове.бг.

Потсетуваме дека ние, бугарските патриоти, јавно го стигматизиравме спроведувањето на тој  перверзен марш на „различностите“ во Софија и во други градови во државата и остануваме единствена политичка сила, која отворено опстојува на христијанските вредности, моралот и смислата на семејството.

Имено, не случајно семејните политики и анти-родовата пропаганда се наши основни приоритети. А, промената и замената на историјата, особено во однос на заедничката со РСМ и нејзиното членство во ЕУ-за нас тоа не подлежи а коментар, додека не запре лицемерието на политичарите од другата страна на границата, пишува порталот.