Никогаш, ама никогаш не е премногу да се сонува. Кога личност не сонува, се предава на сожалувањето. Да се даде надеж на еден уморен свет, христијани и муслимани, е еден многу убав сон. Сонувајте на големо. Не дозволувајте да бидете поделени.Како што сте денес овде сите заедно без граници, сонувајте заедно со другите, не против другите. Да се даде надеж на еден уморен свет, светот е уморен, светот е поделен. Не дозволувајте да бидете поделени“.

Тој ги повика младите да разговараат со нивните постари, кои како што рече се корени на народот, општеството, фамилијата.

Влезете во мудроста на вашиот народ, на вашите луѓе без срам и без комплески и ќе најдете еден извор на неочекувана креативност, која ќе ви дозволи да ги видите патиштата каде другите гледаат ѕидови. Затоа драги млади зборувајте со вашите постари, тие се корени на вашиот народ, на вашето општество на вашата фамилија. Вие треба да се фатите за вашите корени, затоа што тие ќе ве напојат со сок, кој ќе ви даде можност да растете се повеќе.  Морате да ги запознаете своите корени за да можете да се развивате и да одите напред. Ако на едно дрво му ги отсчеме корењата тоа умира. Ако на вас ви ги отсечат корените на вашата историја, на вашето наследство, вие младите ќе умрете.

Ваква порака испрати Папата Франциск кој одржа екуменска и меѓурелигиска средба со млади и со свештеници, нивни семејства и со богопосветени во Католичката црква во Скопје.

Се присети на мисиите на Мајка Тереза.

Помислете на Мајка Тереза, кога живееше овде, не можеше да замисли каков ќе биде нејзиниот живот, но не претсана да сонува и да се труди .Таа сонуваше наголемо и љубеше наголемо. Таа беше жена од вашиот народ, таа напиша историја. Секој еден од вас како Мајка Тереза е повикан да работи со сопствените раце сериозно да го сфати живот, за да направи од него нешто убаво. Да не дозволиме да ни ги скратат сништата. Ќе се сретнете со многу непредвиливи нешта, но важно е да се соочите со нив и да барате како креативно да ги претворите во можно. Никогаш сами. Никој не може да се бори сам. Никој не може да се соочи со животот на изолиран начин. Не може да се живее верата, соништата, без заедница“, потенцираше Папата Франциск пред присутните.