Семејството на 48 годишната Џемиле Хасани од тетовско Пршовце апелира граѓаните до помогнат во нејзино пронаоѓање со оглед дека од 6-ти мај е оддалечена од дома и не се вратила. Таа е со нарушено ментално здравје, а од куќата заминала синоќа околу 21 часот.

Случајот е пријавен и во тетовската полиција. Братот на жената посочил локации каде е можно да е лицето и се преземаат мерки за пронаоѓање, информираат од СВР Тетово. Од семејството апелираат доколку некој ја сретне и препознае да се јави на телефонските броеви 044/384-308 или 075/451-512