Откако само пред неколку дена изјави дека и покрај тоа што не добивме датум за почеток на преговори со ЕУ ќе продолжи да го спроведува Договорот од Преспа, премиерот излезе со нова изјава.
Тој во интервју за „Еуроњуз“ вели дека Договорот од Преспа може да биде под ризик по одлуката на ЕУ и оти конкретни делови од него се поврзани со отворањето на преговорите.

Постои врска помеѓу спроведувањето на Договорот и отворањето и затворањето на пристапните фондови. Особено за внатрешна употреба во некои случаи. Постои врска, затоа што нашите грчки пријатели прифатија дека можеме да го сториме тоа заради иднината што Северна Македонија има со Европската унија. И во овој контекст, Договорот од Преспа не може да се спроведе – рече Зоран Заев за „Еуроњус“, пренесе „АНА-МПА“.