Илјадници граѓани се собраа на плоштадот „Македонија“ за да ги пречекаат ракометарите на Вардар кои станаа шампиони на Европа.

Ракометарите на граѓаните им се заблагодарија на граѓаните за поддршката кои дојдоа да ги поздрават своите херои.

Стоилов: Скопски Вардар, европски првак. Моите соиграчи се најголеми амбасадори на нашата држава. Голем дел не се Македонци, ќе си отидат во своите држави, но ќе кажуваат за Вардар и Македонија. Најубав дел од нивните кариери. Да живее Вардар, да живее Македонија.

Карачиќ: Цел ни беше „Фајнал фор“, но кога дојдовме во Келн се обидовме и успеавме пак да ви донесеме трофеј . Благодарам за сите седум години во Скопје и Македонија. Можеби патот пак ќе ни се вкрсти.

Дибиров: Ние, целиот тим сме Македонци. Мислев дека никогаш нема да доживеам ден како во 2017, ама доживеав вечерва во 2019.

Чупиќ: Еден живот, една љубов.

Шишкарев: Голема победа за вас, за нас, за цела Македонија.

Скубе: Дел сум од вас, дел од Вардар

Дисингер: Ве сакам сите. Балгодарам за поддршката. Ова е неверојатно

Криштопанс: Вие сте најдобри навивачи. Благодарам за поддршката

Калараш: Најдобрите навивачи кои сум ги сретнал. Горд сум што сум дел од Вардар

Милосављев: Вис сте народ со најголемо срце. Игравме за вас и покажавме дека треба да верувате во Вардар. Ги сакам Вардар и Македонија.

Горбок: Сите дадовме се од себе и за државата и за Вардар

Парондо: Титулата е за Вардар, за Скопје и за цела Македонија.

Кисељев: Тебе те сакаме, тебе те бодриме, само напред Вардаре.

Поповски: Бидете горди на оваа екипа која живаа за Скопје и Македонија.

Војводиќ: Благодарност за големата поддршка и емоциите кои ни ги покажавте. Оваа е наша заедничка бајка.

Периќ: Вредеше да се живее за ова. Ова ретко се гледа.

Црвенковска: Браво Вардар.