Maкедонија одамна не памети потажна прослава на најголемиот празник Илинден. Без народен собир, само во присуство на власта беше одбележани 118 година од Илинденското востание.

Стево Пендаровски ќе остане запаметен како прв претседател што не сакаше да одржи говор на Мечкин Камен. Тој претходно рече дека не сака да држи говор за да не му свиркаат.

Пенаровски го удостои само премиерот Заев, не се појави ни лидерот на опозицијата Мицкоски, а не дојде ниту претседателот на Собранието Џафери. За поздравување е што за првпат во Крушево дојде лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Централна свеченост започна  со полагање свежо цвеќе од претседателот  Пендаровскипред споменикот на Мечкин Камен и културно-уметничка програма на Ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, Ансамблот на албански народни ора и песни, Влатко Стефановски и настап на воениот оркестар на Армијата и пригодна реч на Никола Ристановски со пораки за Илинден.