Претседателот Стево Пендаровски информираше вечерва дека хеликоптерите на армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови.

-Ова е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови, стои во објавата на Пендаровски околу ситуацијата со пожарот во градот Кочани.