Венко Филипче да каже како со плата се купува Ауди Q8 и се гради хациенда на Водно?, го повика Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Чиво е „ауди-то“ со кое Венко Филипче се вози, и дали е на негово име или на некој друг, ако е на друго име, кој е тој што на Филипче му дал да вози кола од 250.000 евра и со кој мотив? Дали луксузното „ауди Q8“ кое го вози Филипче е награда за некој од десетиците милионски тендери и дали народот страдаше 7 години за сега Филипче да се вози во скапи џипови? Филипче да каже и како неговото семејство се стекна со хациенда на Водно и колку пари е платена истата? Филипче да каже дали добитниците на тендери во здравството морале да влегуваат во дилови со него или нему блиски? ДКСК и ЈО да отворат истраги за имотот на Филипче, но и тој кој истиот го користи, а за кој постои сомнение дека може да станува збор за скриен имот. Филипче да не се крие зад политичката позиција и да каже како се станува милионер со плата. Ова е грдото лице на СДС и ДУИ, кое никогаш не смее да се врати, рече на денешната прес-конференција Лефков.
Comments are closed for this post.