Директорите на јавните препријатија и установи во државава кои не знаат странски јазик ќе добијат отказ, објави 24 инфо. Според законот тие имаат право да научат јазик или да обезбедат доказ дека поседуваат еден од меѓународно признаени сертификати или уверенија за активно познавање на странски јазик не постар од пет години. Сертификатот треба да го обезбедат најдоцна за една година откако се поставени на функциите. Исто така согласно Законот за државни службеници за едно лице да биде именувано за раководна функција, мора да познава странски јазик.

Од септември минатата година сите директори на јаните установи кои нема да обезбедат доказ дека познаваат странски јазик во рок од една година од нивно именување ќе добијат клоца. Но не било кој странски јазик. Доказ е потребан за англиски, француски и германски јазик. Исто така мора со документ да докажат дека знаат да работат на комјутер. Освен директорите, странски јазик мора да знаат и раководителите на одредени сектори по институциите.

Секој директор или управител на државна институција кој е именуван во периодот од денот на
влегувањето во сила на овој закон до 1 септември 2018 година, е должен да го исполни условот за познавањ на странски јазик најдоцна во рок од една година од денот на неговото именување.
На директорот кој нема да го исполни условот за познавање на странски јазик во рокот утврден во ставот 1 на овој член му престанува мандатот- стои во Службен весник.

Странскиот јазик е задолжителен и за претседателот и членовите на инспекцискиот совет кои се избрани во периодот од денот на влегувањето во сила на овој закон, пишува 24 инфо.