Во текот на 2018 година ОТА технички посредуваше во активирање на мерката следење на комуникациите во вкупно 153 комуникации за потребите на овластените органи во Република Македонија.
Од овие комуникации, 5 комуникации биле технички проследени за Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во рамките на БЈБ и МВР, а 8 комуникации биле технички проследени за потребите на СЈО.
Ова стои во годинешниот извештај на ОТА кој е на дневен ред на собраниската Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.
ОТА која е дел од реформските процеси започна со работа на 1 ноември 2018 година, што значи дека лани делувала само два месеци.
ОТА не поседува техничка можност за пристап до содржината на следената комуникација, а техничката поврзаност помеѓу операторите и oвластените органи се обезбедува исклучиво и само врз основа на издадена судска наредба за следење на комуникациите, истакнуваат од ОТА.
Comments are closed for this post.