Oбвинителката Рускоска прашана до каде е истрагата за бегството на екс премиерот Никола Груевски, Русковска, рече дека не била во државата и дури синоќа се вратила.

Не успеав денеска поради завршните зборови да се видам со колегата кој постапува по предметот, така што не сум запознаена што друго превземал во овој период додека бев отсутна и дали и што има нешто ново. Само сакам на јавноста да и потенцирам дека меѓународна правна помош од Република Албанија е побарана во исто време кога е побарана и меѓународната правна помош од Република Црна Гора. Колегите од Црна Гора постапија и Вие знаете дека ни ги доставија сите барани докази, а од кои причини не е постапено од страна на одговорните лица во Република Албанија не ми е познато, изјави Русковска.

Обвинителката, на прашање од новинарите, потврди дека го има Груевски на снимките во Црна Гора, како што е беше кажано во возило со двајца унгарски дипломати