Тој вели дека земјава има успешен модел на мултиетничко општество и дека никој не треба да ги загрозува правата на бугарската заедница.

„ Граѓанските организации треба да бидат охрабрени да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување на своите колективните права. Уште веднаш претставниците на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел утврдување на квантитативната, демографската и географската дистрибуција на оваа засебна заедница, што би придонело значајно при формирањето на идните политики и на Владата и на соодветните единици на локалната самоуправа и воопшто на државата“, вели Османи во реакцијата.

Реакцијата следи откако Премиерот Заев и Претседателот Пендаровски барањето на Радев го оценија како мешање во внатрешните работи во државата.

-Реакцијата на бугарскиот претседател е спротивна и на основниот принцип во меѓународната политика за немешање во внатрешните работи на друга држава. Како држава кандидат за членство во ЕУ ние сме со години под редовен мониторинг на Брисел, но, ниту во последниот годишен извештај за напредокот на Европската Унија не се регистрирани такви случаи., се вели во ставот на претседателот Пендаровски.

Со реакција се огласи и премиерот Заев, според кого, Договорот за добрососедство ги обрзува двете земји за немешање во внатрешните работи, како и во прашањата за малцинствата. Апелираше до Софија на внимателност и непотпаѓање под какви било инсинуации, зашто како што потенцира, на никого во Македонија не му се нарушени правата.

– Ние сме земји членки на НАТО, не ни треба испраќање на разузнувачки служба да ги утврдат правата на граѓаните. Правата на граѓаните се светост, реагира Заев.

Контроверзното барање на бугарскиот претседател Радев произлезе по неговата вчерашна средба со шефовите на безбедносните служби, иницирана од писмото што бугарскиот државен врв неодамна го доби од Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола и други граѓани декларирани како Бугари, кои се пожалиле на зачестените појави на повреда на нивните права.