Јас сум оптимист дека Франција и Холандија нема да бидат бариерите на Северна Македонија во овој поглед. Една хипотетичка варијанта, која во моментот е само хипотетичка, е ако двете земји се оценуваат заеднички, Албанија и Македонија, и ако некоја земја има никакво двоумење во врска со една од земјите, тогаш земјата може да биде колатеpaлна штета на спојувањето во пакети, но јас мислам дека проценката треба да биде индивидуална  – рече Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

Коментирајќи во врска со одлуката на Франција за изготвување на стратегија за Западен Балкан, Османи рече дека оваа стратегија доаѓа по меѓуинституционална анализа во Париз, од која што беше констатирано дека Франција не е доволно присутна на Балканот. Затоа, вицепремиерот го гледа ова како враќање фокусот во Балканот и ќе биде во корист на земјите кои не се членки.