Интернетот е чудо и памти буквално сè. Доволно е само да го внесете бараниот поим или име и ќе ви излезе се што говорел или правел. Па така, кога ќе напишете Сашо Орданоски најчестите зборови до неговото име се ЕУ и промена на името.

Едно од првите владини пера беше главен заговорник Македонија да си го промени името, бидејќи така ќе ги решиме проблемите со соседите, и најважното, ќе почне преговори со ЕУ.

Четири години подоцна каде е Македонија.

Спорот за името ни донесе уште поголеми проблеми со друг сосед, овој пат со Бугарија, а од ЕУ сме подалеку од времето кога неговата омилена партија и политичар дојдоа, пардон ги донесоа на власт.

Не само што нема да почнеме преговори, а тоа јасно ни го предочија главните играчи Франција и Германија, туку и ќе не стават во втора лига на ЕУ или „ЕУ за сиромашни“ како и да се вика тоа друштво.

А таму има навистина „респектабилни“ земји како Косово кое е помеѓу држава и територија,  Босна која и самата не знае што е, Албанија која веднаш го прифати новото друштво, потоа Украина која е во војна, и нам „блиските“ Грузија и Молдавија.

Што би рекле Србите „мало друштво али одабрано“.

-Да бидеме реални, невозможното нема да се случи, вели Ордановски во својата колумна.

Владин гласнику, македонските граѓани добро знаат дека чуда во политиката не се случуваат и оти промената на името не е доволна оти ЕУ едноставно не сака земја каде што Заев и неговото друштво сади марихуана, каде кабелот е крив за тоа што луѓе живи изгореа во болници, каде корупцијата е нормална и се подразбира.

Народот е освестен и отрезенет господине Ордановски, а ќе се свестите и вие. Метлата веќе почна да игра, а до кој двор ќе замете ќе видиме многу скоро.