Последните месец и половина нма напредок во работата на мешовиотата историска комисија меѓу Бугарија и С.Македонија. Ова во емисијата „Денот започнува“ на БНТ го изјави копретседавачот на комисијата од бугарска страна, Ангел Димитров.

Од бугарска страна има предлог за заедничко чествување на светите браќа Кирил и Методиј, но тоа не е организирано.

Владини делегации од двете држави денеска ќе престојуваат во Рим каде се наоѓа гробот на Свети Кирил Филозоф, но чествувањата ќе се одржат одвоено, а покрај тоа, предвидена е и средба меѓу бугарскиот премиер Кирил Петков и неговиот македонски колега Димитар Ковачевски.

Заедничкото чствување на светите браќа Кирил и Методиј не би било преседан, зашто веќе двапати се одржало, забележува проф.Димитров. Тој потсети дека во однос на Св.Кирил и Методиј има постигнато согласност во историската комисија.

-Еден од малкуте успеси во работата на комисијата е што има постигнато согласност: кога се говори за светите браќа, да се подвлече улогата на бугарската држава и на бугарските владетели за чувањето и развојот не само на писменоста, туку и на литературата и на христијанската култура меѓу словенството, рече тој.

Од февруари до мај се одржани три заседанија на историската комисија. На првото е постигната согласност во однос на Цар Самоил, комисијата, освен бугарската позиција, да ја има предвид и таа на светската медијавистика, што се совпаѓа со бугарската. Димитров тоа го оценува како сосема мал напредок и подвлекува дека оттогаш работата одново е без резултати.

-Проблемот е што нашите колеги се обидуваат да не го прифатат терминот „заедничка историја“. Кога не го прифаќаш постоењето на еден историски феномен, кој дури е и впишан во Договорот за добрососедство, зашто тие не говорат за „заедничка историја“, туку за „споделена историја“, тогаш има бегство од желбата да се направи сериозна критичка анализа на сопственото минато. И тука е големиот проблем, исткна проф. Ангел Димитров.

Во емисијата тој ја повика власта да не дозволува надворешен притисок, независно дали има обиди за тоа или не.

-Треба да работиме упорно и доследно за да ја објасниме нашата позиција. Тоа е единствениот пат. Ние треба да се сретнеме некаде со нашите колеги. Не може само од Бугарија да се очекува да прави отстапки и компромиси. Катарзата е таму и треба да се направи во С.Македонија, зашто таму се уште не е направена критичната анализа на југословенското наследство, подвлече Ангел Димитров.