Масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини ќе се спроведе денеска во организација на Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Во рамки на акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, што промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост.

Акцијата ќе се одвива од денеска до 24 септември, а во секоја општина ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат да го остават кабастиот отпад – стариот мебел и отпадот од електронската и електричната опрема.