Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на прес конференција ги обелодени долговите на сите јавни претпријатија.

„Лидер“ во задолжување  е ЈП „Водовод“- Охрид  со долг од 309,345,403.оо денари, од кои 244,989,712.оо денари е долг кон ЈП „Колектор“ од делбениот процес, а од основањето генериран долг од самото ЈП е 61,640,880.оо денари. Веднаш потоа е  ЈП „Билјанини извори“ со долг од 78,198,322.00 денари.  ЈП „Охридски комуналец“ должи  60,000,000.оо денари, ЈП „Нискоградба“ 46,657,094.оо денари,  ЈП „Градски пазар“ должи  2, 400,000.оо денари, а ЈП „Градски гробишта“ 1,000,000.оо денари. Вкупно сите претпријатија должат 497,600,819.оо денари или околу 8 милиони евра, истакна Пецаков.