Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги спореди уставните измени за влез на Бугарите во уставот со копање во се уште живата рана од промената на уставот со цел промена на уставното име.
На панел дискусија за Западниот Балкан на безбедносната конференција Глобсек во Братислава, Словачка, Османи се пожали дека 22 години по потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и 18 години по добивањето на статусот кандидат за членка Македонија почнала преговори кои се условени со нова промена на уставот.
-Перцепцијата е дека само неколку години по друга промена на уставот сега се чепка во живата рана која се уште не е залечена а беше направена со уставните измени за промена на името-рече шефот на дипломатијата.
Comments are closed for this post.