Во синоќешното гостување во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24, Малинка Ристевска Јорданова, која долги години на повеќе начини е вклучена во евроинтегративните процеси на Македонија, посочи дека уставните измени се само дел од целината на барања од страна на Бугарија и таа апсолутно ќе продолжи и понатаму да блокира.

-Уставните измени се само дел од целината на бугарските барања кој не се видоизменети во суштина од 2019-та година. Проблемот е во тоа што Бугарија не го признаа постоењето на македонскиот народ и идентитет и тоа постојано се повторува. Во тие услови кога тие не го признаваат нашиот идентитет воопшто, а да не зборуваме за правата на Македонците во Бугарија, тогаш притисокот за вметнување на Бугарите во Уставот како еден од методите за исполнувања на сите барања не доведува во една постојана позиција на неизвесност, бидејќи ние дефинитивно немаме гаранција дека овие барања ќе престанат, вели Ристевска Јорданова.

Ристевска Јорданова е децидна дека Република Бугарија апсолутно ќе продолжи да блокира и понатаму затоа што таа ги има внесено своите барања секаде во процесот.

Таа додаде дека и тие барања Бугарија ги внесува во преговарачкиот процес и тоа најмногу во кластери темели, а целиот проблем, во целата оваа работа е што бугарскиот диктат е внесен во целиот преговарачки процес.