Северна Македонија, Чешка и Грција се трите држави во кои во наредниот период, до 2050 година, ќе биде забележана најмала стапка на иселување! Иако делува можеби неверојатно, но ова го покажуваат податоците на анализата „Довидување Балкан: регион со критичен демографски колапс„, објавена во „Балкан инсајд“, а ја пренесуваат медиумите.
Според анализата, во овие три држави се очекува намалување на бројот на населението од само 3%!
Прогнозата се однесува на земјите од Централна и Источна Европа и таа е направена врз база на економскиот раст и услови и споредба на податоците за емиграција во последните 30 години. Според нив, пак, населението на Бугарија во 2050 година ќе биде намалено за 39% во однос на 1989 година и ќе изнесува околу 5,4 милиони. Во моментов, населението во соседната држава во споредба со истата година е намалено за 20 отсто и вече е малку под 7 милиони, што ќе рече дека Бугарија е држава со најдрастично намалување на населението.
Истражувањето покажува дека пред неа е Романија за која прогнозите за намалување на населението стигнува до 30%, потоа следува Србија-со минус 24 отсто, Полска со минус 15 проценти… Интересно е што податоците покажуваат дека во Австрија, на пример, бројот на населението ќе се зголеми за 16%.
Comments are closed for this post.