Две лица од Куба се уапсени откако синоќа се обиделе незаконски да ја преминат границата помеѓу Грција и Северна Македонија.

Од МВР денеска информираа дека синоќа во 20.00 часот кај железничка станица „Кременица’’, биле лишени од слобода М.З.С(31) и О.Г.Р.П.(28), двајцата од Куба, кои се обиделе незаконски да ја преминат граничната линија помеѓу Грција и Северна Македонија.

Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка