Новите мерки ќе важат до 21 јануари,а како што велат од Министерството за здравство имаат за цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид 19 во престојниот период на празници

Новиот пакет рестриктивни мерки што го усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести од утре стапува на сила.

Со новите мерки е предвидена кратење на работното време за угостителите, со што ќе мора да затворат до 18 часот, наместо до 21 часот како што беше до сега.

На сила останува забраната за собири на јавни места за повеќе од 4 лица, а од Министерството за здравство апелираа до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка.

Забрането е групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид на собири во периодот на празниците, а хотелите ќе треба  да ги затворат своите ресторани по 21 часот.

Забрана за собири на отворено и ограничен број постетители во затворен простор со задолжително носење на маски ќе важи и за празнување на  верските празници кои следат.

 „Апелираме и препорачуваме да нема домашни собири за празниците. Да празнуваме одговорно заради сите нас“, рече Филипче.

 

Новиот пакет мерки кој ќе важи до 21 јануари,а како што велат од Министерството за здравство има за цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид 19 во престојниот период на празници.